– Според моја пресметка Северна и Јужна Америка и Европа имаат 1 060 смртни случаи на милион, останатиот свет има 88 и тоа Азија и Африка и Австралија само 35. Македонија има петпати поголема смртност од просекот во светот, – рече микробиологот проф. д-р Никола Пановски во емисијата „Што не е јасно“ на ТВ Алфа.
Според Пановски, секое патување е опасно и непотребно.
– Овие што се вратија од Занзибар се заразиле по пат. Занзибар нема случаи, има 509 случаи од почеток на пандемијата и 20 смртни случаи, рече Пановски.
Говорејќи за пописот, Пановски посочи дека истиот требаше да се одложи за мај.
– Затоа што е потопло, може да се седи во двор на тераса и сите попишувачи да бидат вакцинирани, вели Пановски.