Еден од докторите кои за време на целата оваа криза го информираше населението за состојбата со вирусот, на својот профил на социјалните мрежи и преку медиумите, е матичниот лекар д-р Ненад Лазаров.
Вчера Лазаров преку статус на својот Фејсбук профил укажа на сликата која ја видел по скопските локали и повторно апелираше:
“Извозев до Центар од Влае, секој локал што го поминав беше преполн со млади, еден врз друг, без маски, масите една до друга натискани, хорор!
Околу Универзална особено, нели ви е жал за баби и дедовци, родители???
Со вакво ноншалантно однесување што граничи со психопатологија,
за кратко ќе рушме рекорди, а наредна недела пак ќе имаме 4 цифрени броеви со сигурност,“ напиша д-р Лазаров.