Ендру Полард, шефот на тимот од Оксфорд што ја направи вакцината, порача дека Велика Британија треба да ја прекине опсесијата од новите мутации на корона вирусот затоа што вакцините можат да ги запрат, иако не го убиваат вирусот целосно.
Истовремено, професорката од Универзитетот во Кембриџ, Шерон Пикок, истакнува дека корона вирусот веќе не мутира толку брзо.
Професорката Пикок, која го предводи Ковид геномскиот конзорциум на британската Влада, изјави дека вирусот можеби достигнал стагнација во мутацијата и дека тој повеќе не се менува толку брзо, пренесе „Дејли мејл“.
Пикок објаснува дека се појавуваат помалку нови мутации и дека вирусот покажува „отстапување од еволуцијата“, во која различните мутации почнуваат да изгледаат слично.
Иако мутациите на вирусот се појавуваат случајно, единствените што преживеале се посилните мутации.
Професорката Пикок додава дека е можно корона вирусот да ја достигнал својата оптимална сила и да престанал да развива мутации, затоа што веќе не може да се подобрува.
Досега низ светот се појавија британски, бразилски, нигериски, јужноафрикански, њујоршки и калифорниски мутации на корона вирусот.