Вакцини нема, а британската мутација пустоши во земјава. Ќе донесе ли новиот сој и нови рестриктивни мерки? Што треба да превземат надлежните во овој случај?
Микробиологот Никола Пановски за Сител вели вели дека доколку се воведат нови рестриктивни мерки, економијата ќе крахира. Поради тоа апелира граѓаните да се придржуваат до веќе постоечките здравствени протоколи. Иако е очигледно дека станува збор за нов бран на вирусот, докторот е оптимист дека бројот на заразени нема да надмине над 1000 позитивни лица на дневно ниво.
Пановски вели и дека е разочаран поради доцнењето на вакцините. Според него, властите имале доволно време да ги набават. Како позиитвен пример ја посочи токму Србија, која прва во регионот го почна процесот на имунизација.
Инаку, за новите случувања поврзани во вирусот Комисијата за заразни болесни ќе расправа денес, но не се знае дали ќе предложи нови рестрикции.