Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 2.533 тестирања, а регистрирани се 305 нови случаи на ковид-19 во:
Скопје – 153, Кавадарци – 30, Куманово –22, Прилеп – 21, Тетово – 18, Неготино – 14, Охрид – 11, Гостивар и Гевгелија – по 6, Струга – 5, Штип и Битола – по 4, Ресен – 3, Велес и Делчево – по 2, Струмица, Кичево, Богданци и Демир Капија – по 1.
Регистрирани се 167 оздравени пациенти од:
Скопје – 71, Прилеп –26, Велес – 10, Куманово и Струмица – по 6, Штип и Битола – по 5, Тетово и Гостивар – по 4, Кавадарци, Делчево и Кичево – по 3, Гевгелија, Богданци, Кочани, Пробиштип, Виница и Кратово – по 2, Неготино, Охрид, Ресен, Крива Паланка, Радовиш, Валандово, Крушево, Демир Хисар и Дојран – по 1.
Пријавени се вкупно 11 починати лица. Починати се по 4 пациенти од Скопје (79г,72г,67г,57г), 3 пациенти од Прилеп (79г,71,70), 2 пациенти од Гевгелија (85г,71г), и по еден пациент од Куманово (77г) и Битола (80г). Од пријавените смртни случаи сите се починати во болнички услови.