Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски објави на социјалните мрежи дека е позитивен на ковид -19.
“По забележаните првични полесни симптоми, ги добив резултатите од тестирањето кои покажуваат дека сум позитивен на вирусот Ковид-19.
Иако ги почитував препораките на здравствените лица, сепак се покажа дека не секогаш тоа е доволно. Чувајте го вашето здравје. Ќе го поминам и ова и на крај ќе победиме за нашата иднина!“ напиша Мицкоски на Фејсбук.