СРЦЕТО НА КИНТАНА НЕ ИЗДРЖА: Почина голманот на Порто

by Тони Зографски

Голманот на ракометниот клуб Порто, Алфредо Кинтана денеска почина на 32-годишна возраст. Кубанецот со португалски пасош во понеделникот за време на тренинг доби срцев удар по што мораше да биде ставен во индуцирана кома.

За жал неговото срце не издржа и денеска почина во болница во Порто.

„Порака која никогаш не очекувавме дека ќе ја објавиме, нашиот драг Алфредо Кинтана денеска не напушти. Засекогаш ќе бидеш запаметен како еден од нас. Вистински змеј. Почивај во мир“, напиша Порто на социјалните мрежи.

Инаку, Кинтана беше роден во Хавана, Куба, но речиси целата своја професионална кариера ја мина во Порто и затоа настапуваше за португалската репрезентација.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com