МОЛЕКУЛАРНИОТ БИОЛОГ РИСТОВ: Нема шанси вакцинацијата да го смени текот на пандемијата пред есента

by Тони Зографски

Дел од државите информираат дека зголементиот број на новозаразени, посебно ширењето на новите соеви, јасно покажуваат дека светот се соочува со уште еден налет на вирусот, што го прогнозираше и СЗО.

Хрватската експертка проф. д-р Андреја Амбриовиќ Ристов, молекуларен биолог, вели дека ако бројките почнат да растат, а тоа и се случува, ќе растат многу побрзо.

-Нема шанси вакцинацијата пред есента да влијае на текот на епидемијата. Новите соеви, мутациите на корона вирусот се потенцијално опасни, но тие се најопасни ако не знаеме дека пристигнале и кои се. Од нив не треба да се плашиме во смисла дека варијантата е потполно нов вирус бидејќи се чини дека сите вакцини што се користат во моментов ќе штитат, дури и делумно, од новите варијанти. Борбата против создавање на нови варијанти е всушност борба против голем број на заразени луѓе, т.е. голем број циркулирачки вируси. Не можеме да кажеме што ќе биде утре или задутре, но мора да бидеме флексибилни и да реагираме на вистински начин. Мора да бидеме многу внимателни со овој трет бран. Важно е што повеќе луѓе да вакцинираат, но со ваквите најави за испорака на вакцини, нема шанси вакцинацијата пред есента да влијае на текот на епидемијата и се поставува прашањето дали тоа ќе се случи и тогаш, – изјави  проф. д-р Андреја Амбриовиќ Ристов во интервју за Дневник.хр

 

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com