Американски официјални лица откриле две жени во Орландо кои се маскирале да изгледаат постари за да примат вакцини против коронавирусот и притоа им е издадено предупредување.
Двете жени ставиле капи, ракавици и очила за да изгледаат постари, изјави здравствениот службеник од округот Оринџ во американската држава Флорида, д-р Пол Пињо.
Портпаролката на шерифот, Мишел Гвидо, изјави за Орландо Сентинел дека тие кажале лажна година на раѓање при регистрација за вакцинирање за да го заобиколат државниот систем кој им дава приоритет на луѓето постари од 65 години. Тие, исто така, се чини дека ја примиле првата доза од вакцината, но не е јасно каде, рече таа.
Здравствените власти побараа од шерифот да издаде наредба за нивна забрана за пристап до локацијата. Ова значи дека тие не можат да се вратат во тој конгресен центар од која било причина, вклучително и вакцинирање, тестирање за ковид-19, за конвенција или каков бил друг настан. Ако се вратат, можат да бидат уапсени.