Во последните 24 часа се направени 3.283 тестирања, а регистрирани се 449 нови случаи на КОВИД-19 во: Скопје – 170, Прилеп – 55, Кавадарци – 35, Гевгелија – 23, Тетово – 19, Охрид и Куманово – по 17, Битола и Неготино – по 16, Велес – 10, Струга – 8, Струмица и Ресен – по 7, Гостивар – 6, Штип, Делчево и Богданци – по 5, Крива Паланка, Берово и Кратово – по 4, Пробиштип и Демир Капија – по 3, Кичево, Дебар, Валандово и Крушево – по 2, Кочани и Радовиш – по 1.
Регистрирани се 227 оздравени пациенти од: Скопје – 102, Куманово – 41, Прилеп – 17, Кавадарци – 14, Тетово и Велес – по 8, Штип – 6, Гостивар и Кочани – по 5, Битола и Струмица – по 4, Гевгелија, Неготино, Ресен и Крушево – по 2, Дебар, Пробиштип, Виница, Дојран и Македонски Брод – по 1.
Пријавени се вкупно 10 починати лица.
Починати се 3 пациенти од Скопје (83г, 79г, 65г), по еден од Тетово (72г), Куманово (71г), Прилеп (79г), Велес (84г), Охрид (58г), Кавадарци (65г) и Делчево (75г). Од пријавените смртни случаи сите се починати во болнички услови.