Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 2.549 тестирања, а регистрирани се 415 нови случаи на ковид-19 во:
Скопје – 170, Прилеп – 62, Кавадарци – 32, Велес – 25, Неготино – 20, Охрид – 12, Струмица – 11, Гевгелија – 10, Куманово, Тетово и Штип – по 8, Богданци – 7, Струга – 6, Крива Паланка – 5, Кратово, Демир Капија, Кочани и Крушево – по 4, Гостивар и Кичево – по 3, Битола, Делчево и Валандово – по 2, Виница, Дебар и Демир Хисар – по 1.
Регистрирани се 244 оздравени пациенти од:
Скопје – 110, Кавадарци – 24, Прилеп и Велес – по 17, Куманово – 12, Струмица – 9, Битола – 8, Ресен – 7, Гостивар – 6, Неготино и Берово – по 5, Тетово – 4, Штип – 3, Охрид, Кратово, Демир Капија, Виница, Радовиш и Дојран – по 2, Богданци, Крива Паланка, Кочани, Кичево и Пехчево – по 1.
Пријавени се вкупно 19 починати лица. Пријавени се шест пациенти кои починале во тек на месеците ноември-декември. Починати се 11 пациенти од Скопје (69г, 75г, 80г, 65г, 66г, 61г, 67г,72г, 76г, 71г и 68г), два пациенти од Тетово (79г и 65г) и по еден пациент од Куманово (50г), Прилеп (78г), Велес (77г), Охрид (87г), Кичево (51г) и Гевгелија (69г). Од пријавените смртни случаи 18 се починати во болнички услови и еден во домашни услови.