Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 2.383 тестирања, а регистрирани се 347 нов случаj на ковид-19 во:
Скопје – 157, Прилеп – 35, Кавадарци – 26, Охрид -19, Куманово – 14, Штип и Неготино – по 13, Тетово – 12, Гевгелија – 10, Велес и Крушево – по 6, Битола, Гостивар и Делчево – по 5, Струга, Дебар, Крива Паланка и Виница – по 3, Ресен, Валандово, и Кратово – по 2, Струмица, Кочани и Македонска Каменица – по 1.
Регистрирани се 168 оздравени пациенти од:
Скопје – 110, Куманово и Прилеп – по 7, Кавадарци – 6, Тетово и Крива Паланка – по 5, Гостивар, Велес и Неготино – по 4, Битола и Гевгелија – по 3, Штип и Радовиш – по 2, Охрид, Струмица, Свети Николе, Кратово, Демир Капија и Дојран – по 1.
Пријавени се вкупно 7 починати лица. Починати се 4 пациенти од Скопје (80г, 79г, 69 и 61г), по 1 пациент од Куманово (80г), Велес (66г) и Прилеп (61г). Шест пациенти се починати во болнички услови и еден е починат во домашни услови.