Довчерашниот селектор на ракометната репрезентација на Хрватска, а поранешен на Македонија, Лино Червар опериран е поради остранување на камења во бубрегот.
Како што пишуваат хрватските медиуми, 70-годишниот Червар пред неколку дена бил примен во болница кога му се закомплицирале старите здравствени проблеми.
-Добро сум колку можам да бидам. Ме оперираа од камења во бубрегот, ми ставија катетар по седми пат, го проширија каналот. Тоа е нешто ужасно. Благо на оној кој тоа го нема преживеано. Тој не знае какви се тоа болки и маки. Сега ме чека проблем со грбот и дискот што ми го притиска нервот. Ме чека магнентна резонанца па ќе видиме дали е потребна операција – изјави Червар за индекс.хр.