Невообичаена сцена на вознемирување во градинка е видена во Грција минатиот вторник, во време кога студеното време ја зафати земјата.
Имено, „казнетото“ девојче (4) било исфрлено пред вратата на градинката на студ без јакна, каде што веднаш започнала да вреска и да ја повикува својата мајка.
Носела само розов фустан, без јакна во тоа време. Учителка во градинка на Халкидики ја исфрлила во дворот за „казна“ затоа што била непослушна.
Додека девојчето постојано врескаше, другите деца во училницата беа преплашени. Некои подоцна им рекоа на своите родители дека „ги покриле ушите со рацете“ затоа што не можеле да ги слушаат врисоците на нивната другарка од групата.
Случаен минувач, мајка која исто така има дете во истата градинка, слушначла врескање. Оваа шокантна и нехумана сцена ја снимила со својот мобилен телефон.
Шокирана, мајката влегла во градинката и побарала објаснување. Едукаторот тврди дека четиригодишното дете е непослушно, имало напад и дека е надвор од контрола и нападнало други деца.
Иако наставничката се извинила, родителите на другите деца во градинката „Агиос Миколаос“ не биле задоволни од начинот на кој инцидентот бил затворен, по што побарале објаснувања од образовните органи.
По овој инцидент, друга мајка се пожалила дека нејзиниот син се вратил дома со отпечаток од рака на вратот.
Министерството за образование наредило внатрешна истрага за инцидентот со девојчето, откако видеото беше објавено од телевизијата „Ант 1“ во ударните вести во петокот.