Од Берлин, вирусологот Андреј Трампуж се вклучи во Утринската програма на Србија и рече дека земјите мора да сторат се што можат за да избегнат катастрофа, особено кај младите, а потоа објасни и зошто.
„Вирусот се шири брзо, сите мерки сега се построги, засега знаеме дека е за 35 отсто позаразен, се шири експоненцијално“, рече Трампуж.
Дали има разлика во клиничката слика?
„За среќа, не е поопасен, клиничката слика е потполно иста, но се шири побрзо, затоа имаме поголема грижа, самиот вирус не е поопасен, но ситуацијата е, затоа што побрзо се шири со грешките во опуштање на мерките, побрзо ќе се рашири кај младите луѓе, тие ќе ги полнат болниците и ќе умираат. Иако стапката на смртност е помала кај помладите, но ќе имаме не 10.000, туку 100.000 заразени лица на ден, ќе имаме катастрофа. Најдобро е тие бројки да се сведат на нула, да се потисне вирусот во наредните недели и потоа да се вратиме во нормален живот со вакцинацијата“, рече тој.
Тој препорача да се носат „подобри маски, не хируршки, туку FFP2“, избегнување контакти и почитување, ако не и заострување на мерките. Тој издвои две вакцини само врз основа на технологијата врз која се направени, но рече дека треба да се прими било која.
– Или „Фајзер“или „Модерна“ се најдобрите вакцини според мене. Тие даваат околу 95 отсто заштита подолго време, но добро е да ги примиме и другите – рече Трампуж.
Тој приближно процени дека „во летните месеци“ би можеле да се вратиме на нормалниот живот.