По освојувањето на К2, пристигна веста дека шпанскиот алпинист Серхио Минготе загинал за време на експедицијата.
“Тажна смрт на Серхио Минготе на К2. Тој сакаше да ги продолжи своите освојувања и да учествува во првата експедиција на тој врв среде зима, но трагична несреќа му стави крај на животот”, напиша на Твитер шпанскиот премиер Педро Санчез, неколку часа откако непалски тим успешно се искачи на врвот во Пакистан.
Серхио Минготе (49) не бил во тој тим, туку во друг тим што требало да се упати кон врвот пред неколку дена.
Тој бил во преодниот табор и паднал на пат кон базата, објави неговиот тим.
Инаку, повеќе од 80 алпинисти загинале при освојување на К2, а 450 од нив успешно го завршиле искачувањето , но само во летни услови.