Дури 11. мажи се обвинети за групно силување и убиство, откако 23-годишната стјуардеса Кристин Анџелика Дасера била пронајдена мртва во када во хотел на Филипините.
Несреќната девојка, која со своите колеги ја прославувала Новата година на Филипините во хотелската соба, нејзиниот колега ја нашол во бесознание во кадата.
Дасера минатата недела со колегите патувала во луксузниот хотел „Сити Гарден“ во Макати за да ја прослави Новата година.
Ден по прославата, колегата на Дасера, Ромел Галида се разбудил околу 10. часот и ја пронашол во кадата. Мислејќи дека Дасера спие, Галида ја покрилсо ќебе и се врати на спиење.
Кога Галида по неколку часа повторно се разбудил, забележал дека Дацера не е при свест и дека помодрела.
Галида веднаш се јавил во итна помош и на својата колешка и дал вештачко дишење, но таа не реагирала. Итната помош ја однела во болница во Макати, меѓутоа лекарите не можеле да и помогнат па била прогласена за почината.
Инспекторите во моментов ги чекаат наодите од обдукцијата, но рекле дека на телото на Дацера се пронајдени рани и модринки. Рекле дека постојат индикации дека била жртва на сексуално насилство.
Локалните медиуми пишуваат дека полицијата за силување и убиство обвинила 11 мажи кои престојувале во хотелските соби кои биле веднаш покрај таа на Дацера.
Началникот на полициската управа на градот Макати, Харолд Депоситар, рекол дека обвиненијата се провизорни бидејќи се чекаат наодите од обдукцијата.
Тројца од обвинетите мажи веќе се предале во полицијата, а осум од нив се уште се на слобода.
Истрагата за овој случај се уште трае.