Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ и премиерот Андреј Пленковиќ ја посетија Петриња, која беше уништена во земјотресот. За време на нивната обиколка на разурнатиот град еден човек се приближи до Пленковиќ и Милановиќ и почна да им вика. Нивното обезбедување го турнало човекот во обид да го спречи да им пријде. Но тоа, како што се гледа на видеото споделено на Твитер не им успеа.
„Зарем не можеше некој да закова клинец (шајка) за 30 години? Подобро ќе беше да се срушеше и ова што не се сруши. Преполно е со куршуми … “, извика човекот од лутина.
„Никој не рушеше цело време. И сега ги вадам надвор децата, дали е ова нормално?!“.
Додека човекот викаше пред Пленковиќ и Милановиќ тие само одеа и не реагираа.
https://twitter.com/i/status/1344175604598525957