Цело косовско семејство вчера настрада откако мажот поради нарушени семејни односи, првин си ја убил сопругата, потоа ги ликвидирал двајцата синови и на крајот во дворот од куќата самиот си го одзел животот.
Локалните медиуми објавија дека Фетах Зука, кој дошол на Косово од Швајцарија за новогодишните празници, со огнено оружје ги убил сопругата, двајцата синови и на крајот извршил самоубиство.
Соседите раскажуваат дека семејството подолго време имало лоши односи меѓу себе, но се шокирани од свирепоста на таткото, кој ги застрела и своите двајца синови.
„Со години се во лоши односи. Ја убил прво сопругата, а потоа децата. Излегол во двор, па си пукал себеси во уста“, рекол извор близок до истргата за косовските медиуми.