Штипскиот пожарникар Александар Ѓорѓиевски доброволно замина за Хрватска да помогне по вчерашниот катастрофален земјотрес. Таму планира да им се стави на располагање на неговите колеги, хрватските пожарникари.
„ Пошто никој не се јави за Хрватска си тргам сам до граница ме носи Столе Штерјов, таксист од Штип, а 5 часот со автобус на Хисар тргнувам таму каде што сум потребен со чисто срце и Македонски манири. Газдата на Хисар, господ здравје да му даде, картата до Хрватска кога слушна за што ја вадам ми овозможи бесплатен превоз БЛАГОДАРНОСТ хумани луѓе! Бензинската Дади Компани исто се погрижи за таксистот и ми среди бесплатен превоз до граница БЛАГОДАРНОСТ хумани луѓе среќен сум ве има“, напиша Ѓорѓиевски на социјалната мрежа „Фесјбук“.
Ѓорѓиевски претходно упати апел до Општина Штип и градоначалникот Николов, како и неговите колеги и други сограѓани да се стават на располагање на пожарникарите од Хрватска.
“Да не заборавиме како Македонци во 1963 година по земјотресот во Скопје цел свет се обедини и ни пружи помош ајде и ние да бидеме хумани да се упатиме кон Хрватска и да помагаме на луѓето кој сега се борат со тие рушевини и рамо до рамо да им помогнеме да ги пребродат овие тешки мигови. Јас сум спремен да тргнам уште вечерва ако има заинтересирани кој имаат возила со зелен картон тргнуваме одма доволно е Општина Штип да ни обезбеди возило да стасаме до таму, храна и смештај ќе се потрудам сам да обезбедам – апелираше Ѓорѓиевски.