Јунузовиќ бил повеќекратен босански шампион во трките на 3.000 метри, 3.000 метри стипл, 5.000 метри, 8.000 метри кроз, 10.000 метри и полумаратон, балкански шампион, како и освојувач на бронзен медал на првите Европски игри во Баку. Тој во последните три години преживувал тешки моменти по невообичаена повреда.
„Се лизнав на тренинг и го повредив ишијадикусот, кој е најдолгиот нерв во човековото тело. Отидов на лекар, каде што ми дадоа инјекција преку која ми внесоа инфекција поради која буквално се борам за живот. Повеќе од еден месец лежев во болница, по што ми кажаа дека можеби нема никогаш да одам, а јас по два месеци станав државен првак“, изјави лани Јунузовиќ.