СЕМЕЈНА ДРАМА НА СКИЈАЊЕ: Синот на позната дизајнерка паднал од жичарница (ФОТО)

by Тони Зографски

Синот на американската дизајнерка Рејчел Зои, Скајлер (9), имаше страшна несреќа на скијање во неделата, кога падна од жичарница висока 12 метри.

Тој моментално е во болница, но за среќа се заврши добро.

Рејчел сега објави преку својот профил на Instagram.

-Го објавувам ова за да ве потсетам на сите колку е навистина кревок животот, понекогаш не сме свесни дека сè може да се промени во дел од секундата. За среќа, Скај се опоравува, тој е најхраброто момче што го познавам. Иако јас и неговиот татко сме потполно скршени, денес се разбудивме благодарни за ова чудо и фактот дека нашето дете е безбедно и во ред, напиша Рејчел на Instagram со фотографијата на нејзиниот син од болничкиот кревет.

0

-Скај е одлично расположен сега, тој сè уште е збунет и во болки, но покажа дека е вистински шампион. Јас и мојот сопруг никогаш не сме биле повеќе благодарни што сега гледаме како нашето дете оди, се смее, зборува … За волја на вистината, тој беше похрабар и од двајцата – ние сè уште само го бакнуваме, гушкаме и само гледаме во него. Гушнете ги вашите бебиња денес од нас“, им порачала Рејчел на своите следбеници.

 

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com