Српскиот член и претседател на Претседателството на БиХ, Милорад Додик, бил примен во Универзитетскиот клинички центар во Република Српска, пренесува РТРС. Според медиумите, Додик се чувствува добро, иако има пневмонија на белите дробови, а тестовите се во тек.
Потсетуваме, во саботата канцеларијата на Додик објави дека тој е во изолација поради контакт со лице позитивно на коронавирусот.
Тогаш беше речено дека Додик бил тестиран на Ковид 19, а резултатот од тестот бил негативен.