Голема трагедија се случила по мечот од француското првенство меѓу Лориен и Рен кој го добија гостите со 3-0 откако рефлектор уби човек.
Имено, рефлекторот паднал на 37-годишниот човек и му била укажана помош на самото место, по што бил пренесен во болница. Завршил на апарати, му требало и дефибрилација, но не помогнало.
Лекарите на стадионот се обидувале да го спасат скоро еден час пред да биде пренесен во здравствената установа, каде што човекот починал и оставил зад себе три деца.
На помош притрчале и пожарникарите, а несреќата оставила некои играчи во шок, а ТВ Канал + објави дека играчите на Рен се испаничиле кога почнале да излегуваат од соблекувалните.