Српската водителка, Маја Николиќ откри дека во претходниот период два пати била заразена со коронавирусот и дека се чувствувала многу лошо.
„Јас ја имав короната по втор пат, овој пат поминав ужасно. Јас сум една од тие баксузите. Јас само би им порачала на сите – пазете се. Два пати официјално бев негативна. Членовите на моето семејство беа позитивни, јас бев негативна на тестовите, но бев исто болна како нив. Не разбирам“, објаснила новинарката во емисијата „Балканска улица“.
„Сè ве боли, грбот, мускулите на рацете, сите, тешко дишеш, малку кашлаш, температурата. Ужасно е, децата се грижеа за мене. Јас навистина не знам како минаа овие 12. дена лежење, јас бев навистина болна. Го поминав ова во некоја магла, ужасно“, додала таа.
Таа изјавила дека и таа и нејзиниот сопруг тешко ја поднеле короната.
„Беше тешко за двајцата, и за мојот сопруг и за мене. И двајцата бевме немоќни“, изјавила водителката.