Во центарот на Белград денеска околу 10 часот се случила експлозија во која едно лице загина, а две се тешко повредени, пренесува РТС.
Точната причина за експлозијата се уште не е позната, но по првичните информации се алудира на експлозија поради боца за заварување.
Од РТС пак, информираат дека има работници кои се повредени, од кои едниот со полесни, другиот со потешки повреди.
Како штета по експлозијата се наведени уништени службени возила, како и прозорци на зградата.