Антонио Милошоски ја загуби нотарската лиценца

by Тони Зографски

Министерството за правда му ја одзема нотарската лиценца на Антонио Милошоски, со образложение дека има пратеничка функција, па оттаму е разрешен од нотарската служба.

Министерството за правда веднаш по неговиот избор за пратеник во 2016. година и тогаш добиената лиценца, поднело барање за ставање во мирување на службата додека седи во парламентарниот состав.

Неговата функција тогаш била ставена во мирување, а сега истата продолжува откако тој доби нов мандат во Законодавниот дом.

Имено, по 2016 година беше донесен новиот Закон за нотаријат и во него се наведува дека нотарската функција е неспоива со вршење на друга платена јавна функција.

останати вести