Маж во Русија е уапсен под сомнение дека со кујнски нож убил и му ја отсекол главата на дете од шест години. За тоа време, мајката на момчето била во болница, каде се пораѓала своето шесто дете.
Медиумите јавуваат дека мајката на момчето (36) се породила и дека за тоа време нејзиниот син требало да се грижи за Сергеј Подгорнов (47) во семејната куќа во градот Енгелс.
Кога очувот на момчето Михаил Грушин (33) се вратил дома, нашол ужасна глетка. Во кујната пронашол обезглавено тело на дете.
Полицијата го уапси Подгорнов, а тој првично рече дека не се сеќава дека му ја отсекл главата на детето. Потоа раскажа како се случило злосторството.
“Излегов на тремот пред куќата и запалив цигара. Кога се вратив, испив уште една чаша пијалок, а потоа сфатив што направив. Излегов надвор да чекам полиција”, изјави Подгорнов, кој очигледно бил под дејство на дрога и алкохол.
Постарата сестра на момчето, Арина Кузнецова (15) изјави дека малото дете е петто во семејството, пренесува британски Сан.
Елена дознала за ужасното злосторство во породилиштето. Властите се обиделе да разговараат со неа за погребот на нејзиниот син, но не им било дозволено да влезат во објектот поради мерките против коронавирусот.
Инаку, осомничениот за убиството се соочува со казна затвор од 15 години.