Српскиот пејач Маринко Роквиќ од вчера е во Клиничкиот центар во Белград каде бил итно опериран. Тој отишол на рутинска контрола, но лекарите решиле да го задржат и веднаш го испратиле на операција.
Веста за операцијата на фолк-пејачот за медиумите ја потврди и неговиот син, Никола Роквиќ, но не откри од што е опериран татко му.
-Вистина е дека тато вчера е опериран. Добро се чувствува и се надеваме дека се ќе биде во најдобар ред- рекол Никола.
Инаку, поради пандемијата на коронавирусот, сопругата и синовите не можат да го посетат Маринко во болница, но тој се чувствувал добро.