Повреденото тригодишно девојче Елиф Перинчек, кое беше спасено вчера и извлечено од урнатините 65 часа по земјотресот во областа Бајракли во западната турска област Измир, беше згрижена во болница и е во добра здравствена состојба.
На видеото објавено на Твитер се гледа како малата Елиф мавта, додека лежи во болница, а во рацете ја држи омилената кукла.
Инаку, денеска во Измир, 91 час по земјотресот што се случи во петокот, спасено е уште едн девојче од под урнатините на апартманите „Риза-бег“, јави агенцијата Анадолија.
Девојчето што е спасено се вика Ајда Гезгин, и таа е 107 лице спасено од урнатините.
Trogodisnja djevojcica koja je jutros spasena se zove Elif Perinçek. Zbrinuta je u bolnici. U dobrom je zdravstvenom stanju. Njen snimak podijelio je s medijima turski ministar zdravlja Koca #Izmir #Turkey #earthquake @N1infoSA pic.twitter.com/gX6veL2CgM
— Adisa Imamovic (@adisa_imamovic) November 2, 2020