ХОРОР ВО ВИЕНА: Терористите пукаа во случајни минувачи низ центарските улици (ВИДЕО)

by Тони Зографски

Најмалку две лица загинаа, вклучувајќи еден од напаѓачите, во пукањето што синоќа се случи во центарот на Виена, што австрискиот канцелар Себастијан Курц го опиша како терористички напад.

Полицијата соопшти дека нападите биле извршени на шест различни локации во центарот на австриската престолнина. Според официјалните новости, повеќе вооружени лица го извршиле нападот, додека полициските операции сѐ уште траат.

Вознемирувачки снимки масовно се споделуваат на социјалните медиуми на кои може да се воочи колку страотна била атмосферата вечерва во австриската престолнина.

На една од снимките може да се воочи како еден од напаѓачите со автоматска пушка брутално пукаше во случаен минувач.

останати вести