На барање на опозицијата, во Собранието денеска не се расправаше за измените и дополнувањата на Законот за заштита на населението од заразни болести.
На собранискиот сајт во предлог-дневниот ред за денешната 18. седница како последна точка беше ставен овој закон, но истиот не беше на дневен ред бидејќи ВМРО-ДПМНЕ побарале да го разгледаат и да дадат свои предлози.
Ова значи дека мерките кои ги препорача Комисијата за заразни болести, а кои се однесуваат на задолжително носење маски на отворено, забрана за семејни собирања, односно забрана на повеќе од четири гости во еден дом, како и забрана за групирања на повеќе од четворица на јавни места, се уште не се на сила. Така ќе остане и до крајот на месецов, бидејќ а предложените законски измени ќе се расправа на седница на 27 октомври.
Инаку, вчера министерот за здравство Венко Филипче рече дека очекува до крајот на неделава Законот да биде усвоен, со што мерките ќе стапат на сила веќе од понеделник.