Ема Нешковска, сопруга на трагично загинатиот доктор Трајче Нешковски, со потресен статус на Фејсбук се прости од својот сопруг.
“Сеуште се трудам нешто да кажам, да сфатам што навистина се случи…. Дали е ова вистина или само сон?!
ТИ кој беше неуморен зацртаното да го оствариш, а ветеното да го исполниш. ТИ за кого немаше нешто невозможно и нешто недостижно. ТИ кој целиот живот го посвети во давање совети и помош на секого и за се. ТИ вистинскиот добронамерник, искрениот, хуманиот. Зошто ова ти се случи тебе?! Дали е вистина тоа дека Господ крај себе ги зема најдобрите?! ТИ кој помагаше на сите, не успеа самиот да се заштитиш? И сега, како понатаму? Што сум јас без тебе?
Ниедна солза не може да те исплаче, а секоја е тешка како планина.
Дали мојата најголема награда е што те имав тебе, човек со џиновско срце, срце како планина?!
Знам, не би сакал да ме видиш скршена од болка, ама верувај премногу боли. Исто така знам дека некаде од небото ме гледаш, знам дека нема да ме оставиш сама. Знам дека ќе не чуваш мене и Јована.
На Јована ќе и ја раскажуваме твојата богата приказна на која таа ќе биде горда затоа што имала татко како тебе. Татко ХЕРОЈ.
Баш како што и самиот пред некој ден кажа “Секоја генерација си има своја борба, а секоја борба свои херои”.
Епа ТИ си нашиот херој, херојот на нашето време!!!“ напиша на својот Фејсбук профил, Ема Нешковска.