Доц. Д-р Владимир Чадиковски, специјалист по детска хирургија, супспецијалист по детска кардиохирургија на Твитер вели дека е клучна довербата помеѓу народот и медицинските лица, доколку сакаме да ја надминеме тешката состојба со коронавирусот.
„Зборот епидемија има значење во Југославија 1972 кога се појавува вариола вера. Смртност 30%. Без постоење на социјални мрежи, ефикасниот здравствен систем го ограничува ширењето за 2 месеца. 40 починати на 21 милион. Др.Радовановиќ: народот и медицинските лица си веруваа меѓу себе и почитуваа, тоа е клучно“, пишува Чадиковски.