Луиза Гаџијева (25) од Дагестан се обиде да ја продаде својата ќерка стара само една недела на црниот пазар, со цел да купи нов пар чизми.
Таа беше фатена откако прифати околу 3.300 евра во замена за бебе, не знаејќи дека купувачите се всушност полицајци.
Размената се случила во кафуле, а мајката веднаш била приведена. Според локалните медиуми, таа и рекла на својата сестра дека ќе купи нови чизми по продажбата на детето. Пред да интервенира полицијата, невладината организација за борба против трговија со луѓе Алтернатива се обиде да убеди младата жена да не го продава своето дете.
-Се обидовме да и објасниме каква лоша, опасна судбина го чека детето. Нејзината сестра знаеше сè, дури и нејзината мајка беше со неа и зборуваше за тоа какви чизми би купила од парите што ги добила. Тоа е врв на цинизмот – рекоа од групата.
Гаџијева веќе има три деца. Им порача на потенцијалните купувачи дека парите и се потребни како аванс за станбен заем.
Полициските службеници рекле дека откако ги добила парите, им го предала детето и им напишала потврда.
-Не го кажувајте тој збор „продажба“. Звучи грубо. Можете да ми судите, но не можам да го прифатам тоа – наводно им рекла таа на „клиентите“.
Таа ја призна вината пред полицијата, а детето не е во животна опасност.