Институтот за јавно здравје објави дека во последните 24 часа се регистрирани 393 позитивни на корона вирусот. Повторно Скопје е со најголем број – 190 позитивни на тестирањата.
Во повеќе градови се бележи двоцифрен резултат од тестирањата. Нема починати лица.
Во изминатото деноноќие направени се 2464 тестирања.