Водителката Миа Костова, на својот Фејсбук профил, информираше дека е позитивна на коронавирусот. Таа вели дека знае од кого се заразила и дека тоа нема никаква врска со нејзиното присуство на спорните забави кои викендов се оддржаа.
“ Чисто совесна иако знам дека ќе има многу од оние кои ќе искоментираат „ако, така и е“ иако за воља на вистината знам кој е контактот кој се случи во неделата и не е никако поврзан со групирањето и журките.
Откако бев известена ги откажав сите претстојни состаноци, фризери и салони, не сум била во контакт со ниту еден од моите соработници, па ни пријатели.
Така што, сметам дека од мене повеќето се безбедни. Официјално сум ковид позитивна. Ви благодарам за разбирањето и за пораките, се гледаме за едно 20 дена по улици, а на социјални мрежи ќе броиме заедно. Чувајте се!“ напиша Миа Костова.