Комисијата за заразни болести размислува да предложи до Владата да се воведе полициски час од 22 часот, дознава стандард.мк.
Вчера беше регистрина рекордни број на новозаразени лица.
Денеска, со почеток во 14:30 часот,министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче ќе и се обрати на јавноста информирајќи ја во врска со новонастаната ситуација.
Надлежните и натаму апелираат граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита од Ковид-19 кои вклучуваат носење заштитна маска, држење дистанца, избегнување групирања и миење или дезинфекција на рацете.