ВО СРБИЈА, ЦРНА ГОРА, АЛБАНИЈА И КОСОВО БЕЗ ПЦР ТЕСТОВИ – ќе предложи Комисијата до Владата

by Тони Зографски

Комисијата за заразни болести донесе предлог одлука за отворање на границите со Србија, Црна Гора, Косово и Албанија без ПЦР тестирање.

-Според анализите, во моментов нема индикација, односно нема висок број на импортирани случаи во земјава со ковид-19 од овие земји. Согласно тоа, нема ризик и безбедно е отворањето на границите Во Европската Унија сите граници на движење се без PCR тестирање. Предлог одлуката ќе биде доставена до Владата на Република Северна Македонија, -информираат од Министерството за здравство.

Инаку, вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 18790, бројката на оздравени пациенти е 15341, на починати е 756, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2693.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com