– Следните денови ќе следиме какви ќе бидат бројките на новодијагностицирани. Ова е навистина висока бројка во однос на претходните денови. Заклучивме дека денеска и утре треба да се направи увид за начинот на трансмисија на вирусот во секоја општина посебно. Ако нешто откриеме, да може да одлучиме какви мерки и каде би се вовеле – рече министерот за здравство Венко Филипче во живо на вестите на Сител, по завршувањето на средбата со членовите на Комисијата за заразни болести, каде се анализира актуелната епидемиолошка состојба и зголемениот број нови случаи со Ковид-19.
Филипче потенцира дека до викендот ќе знаа какви мерки и во која општина треба да воведат. Дали ќе се намали работното време на угостителските објекти или да се намали бројот на маси ќе се знае по епидемиолошките прашалници. Тој не исклучува и затворање на градинки и училишта, но вели дека планот за рестрикција вклучува и затоворање градинки и училишта, но и да се вклучат и други ученици во настава од ноември со физичко присуство, ако тоа го дозволува епидемиолошката состојба.