Рентген техничар на Институтот за радиологија (рентген институт) е позитивен на коронавирус. Според првичните информации, тој доаѓал три дена на работа иако бил болен, со температура и симптоми на Ковид-19, објави НОВА.
Во моментот таму се прави епидемиолошка анкета, а резултати од тестовите се чекаат за уште тројца, потврдија за НОВА во ДСЗИ, од каде велат дека таму е можен нов кластер на коронавирусот.
Не се знае со колку вработени, како и пациенти имал контакт вработениот техничар, колку од нив снимал, ниту дали носел лична заштитна опрема.
Неофицијално, наводно за него се подготвува дисциплинска постапка.