Британски турист кој сметал дека коронавирусот е обична глупост, го променил мислењето откако се разболел, пренесе „Србија данас“.
Во видео порака, која ја објавил на Интернет, Крис Грејли (29) признава дека сметал дека е „непобедлив“, па затоа сега носи маска за кислород и лежи во болница во Ватфорд (Англија). Менаџерот за продажба од Манчестер не страдал од хронични болести, но не е сигурен „дека ќе закрепне“ и ги предупреди другите млади да не ја потценуваат опасноста на вирусот.
„Се заразив на островот Тенерифе затоа што мислев дека сум непобедлив и не носев маска. Платив за тоа. Јас не страдам од хронични заболувања. Не сакам никој да ја прави истата грешка како мене“, порачал Крис од одделот за интензивна нега и додал:
„Затоа ве замолувам сериозно да ја сфатите оваа порака, бидејќи истото може да му се случи на секого, пазете се, најсериозно ве замолувам“.
Крис ја снимил пораката во саботата и објаснил дека му се слошило претходната недела на Канарските острови. Пред три дена било потврдено дека тој е заразен и му била дијагностицирана акутна пневмонија.
„Бев болен скоро целиот одмор, го изгубив чувството за вкус, мирис, ме облеваше ладна пот“, вели Крис.
Кога се вратил дома, неговата состојба се влошила. Во неделата, итно го испратиле на тестирање и снимање. Во вторникот наутро, Крис веднаш бил пренесен во болница за лекуање на лица со Ковид-19.
„Минатата недела ми беше толку лошо што мислев дека бев поблизу до пеколот од кога било. Седев и чекав да умрам. Не можам да дишам, не можам да одам, не можам да се поместам. Како зомби. Пијам четири различни антибиотици, стероиди, на кислород сум 24 часа на ден“, рече тој и додаде:
„Прв реков дека сето тоа е глупост и дека вирусот ништо не ни може ако сме млади, дека тоа е само силен грип, заговор на властите… Не е точно! Ова е ВИСТИНСКО. Тоа навистина ме убива“, рече Крис.
Тој истакна дека животот е премногу краток за да го ризикувате вашето здравје.