Вкупната вредност на четвртиот пакет мерки изнесува околу 350 милиони евра од кои 264 милиони се од Буџетот на државата и околу 85 милиони како исклучително поволни дополнителни кредитни линии.
Мерките вчера попладнето им беа презентирани на претставниците на стопанските комори.
Пакетот 4, кој треба да биде усвоен од Владата на седницата в недела, опфаќа поддршка за исплата на плати за последниот квартал од годината, платежни картички за неколку категории граѓани, грантови за најпогодените сектори, широк спектар за ослободување или олеснување за повеќе давачки за компаниите, намалување на ДДВ во повеќе услужни и други дејности, како и други мерки.