Докторот Нико Беќаровски од Клиниката за токсикологија преку својот Фејсбук профил упати порака до сите објаснуваќи дека ако се придржуваме до трите правила на 11 октомври ќе може да прогласиме победа над КОВИД-19.
-Ако од денес до 10 октомври СИТЕ, ама баш сите до еден, се придржуваме на 3 толку прости правила (2 метри, маска, миење раце) на 11 октомври може да прогласиме победа над КОВИД-19.Ако и понатаму сме НЕОДГОВОРНИ, на 11 октомври ќе го славиме почетокот на борбата против фашизмот, но и дефинитивниот ПОРАЗ од невидливиот непријател, пишува Беќаровски на својот Фејсбук профил.