“ СОСТОЈБАТА МИ Е ПОДОБРА“: Се огласи Љубе Бошкоски од Инфективна

by Тони Зографски

Претседателот на Обединети за Македонија и поранешен министер за внатрешни работи Љубе Бошкоски, кој синоќа бил примен на Инфективната клиника поради влошена состојба со ковид-19, се обрати преку својот Фејсбук профил.

-Поради зголемениот интерес за мојата здравствена состојба, многу луѓе ме прашуваат како сум и не можам да одговорам на сите. Затоа, ве известувам дека сум на Инфективна клиника, примам терапија уште 3-4 дена. Состојбата ми е подобра, се чувствувам одлично. Голема благодарност до медицинскиот персонал и моите сопартијци кои ми даваат поддршка и се тука за мене. Чувајте се!, – напиша Бошкоски на својот Фејсбук профил.

останати вести