Го пратиме развојот на сите вакцини. Имавме конуникација на рускиот амбасадор за дополнителни прашања, одговори се уште не сме добиле,но во мегувреме се уште го пратиме и она што се случува кај близу 10 компании кои се во напредна фаза. Се уште сме далеку од тоа да одлучиме која вакцина ќе се користи, изјави на денешниот прес министерот за здравство, Венко Филипче.
Филипче вели дека целта е навремено да се воведат мерки, за да се избегнат рестриктивни мерки, но доколку тоа биде нужно, тоа ќе се направи.
– Во следните денови ќе информираме за следните мерки, а дел од мерките кои се разгледуваат се носење маска и на отворено, ограничување на бројот на лица во угостителските објекти, казни за прослави, прецизен пртокол за гости во угостителските објекти во есенскиот период, вели Министерот.