Ужасното злосторство што се случи во Бразил го шокираше светот. Имено, фудбалерот на локалниот нисколигаш Роланд, 20-годишниот Винисиус Корсини е осомничен за убиството на претседателот на клубот Хозе Данилсон, пренесуваат тамошните медиуми.
Имено, се наведува дека фудбалерот го прободел во врат 58-годишниот претседател на клубот, а потоа избегал од местото на настанот. Присутните му укажале прва помош на нападнатиот, а набрзо пристигна и брза помош. Сепак, за него немало спас. Напаѓачот и жртвата, наводно, не биле во конфликт, па сè уште не е позната причината за ова ужасно убиство. Сè се одвивало во просториите на клубот.
Несреќниот човек бил поранешен градоначалник, а годинава кандидат за пратеник.