Припадничка на американската армија која во Германија заразила 76 лица со коронавирус може да биде осуден на 10 години затвор.
Според „Дејли меил“, 26-годишната Јасмин Адли од Флорида ја ширела инфекцијата со посета на барови, додека ги чекала резултатите од тестот по одморот во Грција.
Поранешен нејзин колега вели дека таа работела во ресортот “Еделвајс”, пред со тест да биде потврдено дека има коронавирус и дека таму организирала конференција за американските воени сили за превенција за ковид-19.
Истиот човек вели дека и дека не треба само таа да биде обвинета, туку и хотелот кој негувал култура на прикривање поради што биле заобиколувани правилата за карантин.
Јасмин тврдела дека не знаела дека има корона, иако во приватните пораки до кои имал пристап британскиот таблоид, им се заблагодарила на пријателите што дошле на нејзината „корона забава“ во еден од баровите.