Двете тинејџерки од Бразил, Моника Медеирос (19) и Бруна Веласкез (18) паднале под водопадот откако едната се лизнала во близина на врвот, а другата трганала да и помогне, пренесува News.com.au.
Девојчињата беа неразделни, велат нивните семејства по трагичниот настан.
Според медиумите, тие наводно заедно со пријатели тргнале да го разгледаат водопадот кај градот Лајес во Бразил.
Според полициското соопштение, едната девојка се лизнала додека одела во близина на врвот на водопадот, додека другата ја изгубила рамнотежата кога сакала да и помогне.
Пред да загинат, девојките објавиле фотографија на социјалните мрежи на која седат на врвот на водопадот, додека група луѓе се во подножјето. За жал, тие загинале откако паднале заедно од висина од 30 метри. Според извештаите на медиумите, до овој водопад може да се стигне само пеш.
Веласкез била прогласена за мртва на самото место пред да пристигнат спасувачите, додека Медеирос починала во болницата каде подлегнала повредите откако била спасена.
Според локалните власти, водопадот каде што загинале девојчињата бил забранет за туристи, но локалното население често го посетувало ова подрачје.