Секој седми доброволец кој бил вакциниран против ковид-19 чувствувал болки во мускулите и зголемување на температурата.
Тие појави не се загрижувачки и се опишани во инструкциите за вакцината против ковид-19, објаснил министерот за здравство на Русија, Михаил Мурашко.
„Обично, проблемите траат ден и половина“, рече Мурачко, додавајќи дека вакцината поминала низ клинички и предклинички испитувања и се развива на платформа која веќе се користела за развој на вакцини.
„Со сигурност можеме да кажеме дека оваа формулација за вакцини е безбедна. Сепак, за секој лек што е наменет за широка употреба, мора да има подетални податоци за неговата употреба кај пациенти кои имаат различни дијагнози на болеста и имаат различни нивоа на имунитет “, забележа рускиот министер за здравство.
Рускиот министер за здравство рече дека вакцинираните волонтери систематски се следат преку центарот за телемедицина од страна на високо обучени лекари кои имаат пристап до нивната историја на медицината, односно знаат, меѓу другото, и кои страдаат од хронични болести.
„Ова ни овозможува да го имаме целиот спектар на податоци во текот на третата фаза на клинички испитувања“, рече тој.
Михаил Мурашко исто така истакна дека производството на вакцината Спутник-В се одвива според планот и дека три големи фармацевтски компании во Русија започнале со производство.
Во исто време, тој додаде дека во овој момент, првата група на вакцини започна да се дистрибуира во сите региони на Русија.
Први кои ќе имаат пристап до вакцината ќе бидат лекарите и медицинските сестри, наставниците и другите работници кои доаѓаат во директен контакт со јавноста, рече Мураско.
Русија планира да вакцинира 40.000 свои граѓани во сегашната трета фаза од испитувањата на вакцината која ја направил Центарот “Николај Гамалеј” во Москва.
Веќе сега постои голем интерес кај земјите за купување на таа вакцина, а најголем интерес покажуваат земјите од Јужна Америка, каде има голем број на заразени, посебно во Бразил.